Skip to main content

Општините треба да спроведат трето доплонително прскање против комарци

Општините во Македонија треба да спроведат трето дополнително запрашување против комаци.

 |  Маленкова Татјана  | 
komarec
комарец

Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците.

Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува дека најризично место во Atanasko MihailovОхрид е пределот кај блатото. Тој предлага да се искорити сувото време и да се превземат сите превентивни мерки за спречување на ширењето на ова заболување.

„Ќе бидат лоцирани посебни целни места, да речеме Студенчишко блато во Охрид каде што можноста за развивање на комарци е голема и ќе се направи прскање кое што државата ќе го помогне, поточно финансира. Додека сите општини се должни и ќе има препорака до општините да направат уште едно септемвриско прскање затоа што септември е доста топол, со влажни периоди, услови кои многу им се погодени на комарците“, вели директорот на центарот за јавно здравје, Атанско Михаилов.

Михаилов додава дека Центарот за јавно здравје на почетокот на летото прскаше во три општини и тоа општина Дебрца,  Дебар и во Жупа. Тој додава дека е запознаен дека Општина Охрид на почеткот на летото спроведе воздушно запрашување. „Што се однесува пак за општините Струга и Вевчани информации дали е прскано или не, немаме“, категоричен е Михаилов.

„Јас незнам точно колку години не е прскано во општините Струга и Вевчани. Мислам дека повеќе годни не е прскано или немаме информации дека е прскано во центарот. Ако прскале, а за тоа не сме биле известени, а треба да бидеме известени затоа што ние сме државна институција  задолжена за тој вид на превентивна заштита“, вели Михаилов.     

komarec

И проф. Д-р. Михаил Пачуловски, од Институт за јавно здравје и професор на медицинскиот факултет, смета дека есенско запрашување против комарци треба да има, затоа што температурати се многу високи за овој период од годината.

„Ако се успее во септември да се прска или во почетокот на октомври тоа би било добро“, вели проф. Д-р. Михаил Пачуловски од Институтот за јавно здравје.

Прскањето против комарците е целосно и најдобро кога ќе се примени комбиниран систем воздух, земја. Тоа е ефикасна превентивна мерка со која се заштитуваат луѓето од каснување од комарец,  кои предизвикуваат алергиски реакции и се пренесувачи на болести. Нилската треска е класичен пример  кој се пренесува преку комарец и предизвикува заболување кое има многу тешка клиничка слика. Кај 80% од ифицираните поминува без никакви симптоми, кај мал тел покажува лесна клиничка слика со симптоми на грип а само кај 1 лице на 150 може да премине во тешки компликации. Ги напаѓа сите органи во организмот  вклучително и нервниот систем и предизвикува менинго анцефалит, проблеми со срцето, дишењето, бубрезите. Со ваква клиничка слика не е мал бројот на заболени кои завршуваат фатално. Најризична група се најмладата популација затоа што имаат послаб имунитет или постари и хронично болни луѓе.  

Инаку од западно нилска треска во земјава досега починаа две жени. Едната 53-годишна која  почина минатата недела, а другата на воздраст од 83  години почина вчара. Двеиполгодишното девојче кај кое исто така беше дијагностицирана западнонилска треска вчера од Детската клиника е префрлено на Инфективната клиника поради тешката општа состојба во која се наоѓа.
Останатите двајца пациенти кај кои претходно беше дијагностицирана западнонилската треска се во добра општа состојба и во фаза на излекување.

Вирусот го пренесуваат комарци, а не може да се пренесе од човек на човек.

{loadposition content9}