Skip to main content

Досега само три апликации за „Климентова повелба“- комисијата чека уште апликации

Дејан Пановски, во својство на претседател на оваа комисија, им порача на заинтересираните што поскоро да аплицираат. Критериумите за повелбата се општи, а апликациите треба да бидат поддржани од институција или од поединци.

 |  Мишел Наумоски  | 
povelba
повелба

Мала заинтересираноста кај охриѓани за аплицирање на конкурсот за Климентова повелба. На пет дена до истекот на крајниот рок за поднесување на апликациите, Комисијата добила само три апликации. Имајќи го предвид значењето и престижот на повелбата која ја доделува општина Охрид, од Комисијата за одбележување на празници, манифестации и доделување на награди и признанија, со мотивирачка порака до заинтересираните и потенцијални апликанти за добивање на повелба.

klimentova povelba„Како претседател на комисијата која всушност ги именува повелбите, сакам да упатам една мотивација до нашите сограѓани да ги поддржат и кандидираат сите оние индивидуални лица или институционални капацитети кои ги поседува Охрид, а кои придонеле за позитивна афирмација на Охрид и Македонија. Нормално, не ќе можат сите да добијат повелба, меѓутоа сите оние чии што кандидатури ќе бидат проследени со поддршка од други институции, нормално ќе бидат јавно објавени, што ќе биде една плус мотивација за нив.“-вели претседателот на Комисијата за одбележување на празници и манифестации, доделување на награди и признанија, Дејан Пановски.

Изминатите години, изборот на добитниците на „Климентова повелба“ и особено „Климентовата награда“ знаеа да предизвикаат бурни реакции во охридската јавност. Пановски вели дека годинава ќе се обидат тоа да не биде случај.

konkurs Klimentova povelba„Идејата наша е конечно позитивните вредности, позитивните идеи, позитивните луѓе, позитивната енергија да преовлада со Охрид. На деструкцијата не и е тука место, деструкцијата не е опција и затоа сакаме вистинските вредности да дојдат на површина, вистинските вредности да го заземат своето место и вистинските вредности конечно да детерминираат една правилна иднина на Охрид.“-рече Пановски.

Рокот за поднесување на апликации за „Климентова повелба  и награда“ истекува на 15ти Ноември, а критериумите за добивање се општи и се однесуваат на остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот од особено значење за Општината, во изминатиот период од една година до завршувањето на конкурсот.

Право на учество на конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и физички лица. Во пријавата треба да достават кратка биографија и да образложат закакви остварувања конкурираат. Кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира. Инаку апликациите треба да се доставуваат на адреса: – Општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57, Комисија за одбележување на празници и манифестации и  доделување награди и признанија (со назнака „ЗА КОНКУРС“).

{loadposition content9}