Достапна анти стрептококна вакцина во Охрид
Заболувањата на белите дробови, пнеумонии, воспаленија на уво, бронхити, како и потешки форми на сепса, менингит, артрит, предизвикани од бактеријата стрептокока, отсега можат да се спречат. Во охридското одделение за имунизација достапна вакцина против стрптококус пнеумоние. Имунизацијата со оваа вакцина е посебно значајна за децата со намален имунитет како и за децата кои престојуваат во градинка.
Вакцина против стрептокока. Имунизацијата против бактеријата стрептокока, може да се направи и на охридското одделение за вкцини при Заводот за здравствена заштита. Оваа вакацина сеуште не е задолжителна но е бесплатна. Истата стана достапна за деца од 6 недели возраст до полни 5 години. Како што изјави д-р Зора Димитриевска, нивните сознанија говорат дека оваа популација најчесто заболува од болестите предизвикани од стрптококус пнеумоние.
„Сите родители кои се заинтересирани да ги вакцинираат децата со пнеумококна вакцина слободно да се јават во одделот за имунизација да се пријават во најкратко време ќе бидат повикани за имунизација. Идни перспрективи во областа на имунизација се воведување на оваа стрептококна вакцина во задолжителна во календарот за имунизација како и воведување на нова рота вирус вакцина“ – вели Димитриевска.
Борбата на педијатрите за имунизација со анти стрептококна вакцина, најпосле успеа, вели др- Никола Филев. Тој нагласи дека посебно е добредојдена за децата со намален имунитет и оние кои престојуваат во детските градинки.
„Многу е пожелно оваа вакцина кај тие групации на ризични деца кои се изложени на можни инфекции да ја примаат оваа вакцина. Само за илустрација ќе наведам, само пред две години имавме еднаљ состојба во градов која беше многу алармантна и која мислам адекватно се спречи со една превентивна бактериолошка анализа кај децата во која се изолираа многу деца со стрептококни инфекции. Таа стрептококна бактерија е многу сериозна која може да даде реперкусии на организмот во вид на акутни и хронични заболувања на зглобовите на бубрезите и срцето“ – нагласува д-р Филев.
Вакцините се едни од најдобрите превентивни постапки во педијатријата, теоретски тие штитат од многу агенси кои можат да предизвикаат сериозни заболувања, нагласува Филев. Тој советува оваа вакцина посебно децата со ослабен имунитет да ја примат, со претходна консултација со педијатрите.
{loadposition content9}