Достојно одбележан патронот на ОСУ „Св Климент Охридски“
Достојно одбележан Патрониот празник на ОСУ „Св Климент Охридски“. Докажавме дека сме достојни на Климентовот дело, изјави директорката на гимназијата. Учениците пак годинава навистина изненадија со незаборавна едночаснвна програма исполнета со песни и поезија.
ОСУ „Св Климент Охридски“ достојно го одбележа својот патрон. Синоќа пред бројната публика во ЦК „Григор Прличев“, беше одржана свечена програма на гимназијалците од ова училиште. Училишниот хор заедно со рецитаторската секција се покажа во вистинско светло, така што прсутните ги оставија без здив. Тие приредија незаборавна едночасовна програма исполнета со песни и поезија.
Директорката на гимназијата Вера Јовческа во своето обраќање нагласи дека и годинава докажале дека се достојни следбеници на Климентовото дело.
„Најважниот мотив за работа е задоволството што човекот го наоѓа во тоа што го работи во постигнатите резултати и во вредностите што ги оставаш како залог за иднината. оваа вечер кога го чествуваме нашиот патрон Св Климент Охридски, се навраќаме на годината што одминува, но и на сите години наназат низ кои сме се издигнале и етаблирале како училиште со високи критериуми и вредности и сме покажале дека со гордост го носиме неговото име. Секој постигнат успех е резултат од напорната работа од сите нас кај кој остануваат заложбите да се чекори по патот што сме го зацртале а тоа е патот на успехот“ – рече Јовческа.
Бројните гости во салата уживаа во прекрасните изведби на хорот и солистите на песните, Езеро мое, Македонија, Приспивна песна за реката, Боже чувај ја од зло, Црно и бело, Реквием за еден сон и наградената песна „Здив“ во изведба на Исидора Јанева. Проф. Александар Димоски, раководителот на гимназискиот хор за ТВМ рече дека годинава на одбележувањето на патронот идејата била да се осовремени хорското пеење и да се направи репертоар на песни од современата музика преработени за хорски изведби. Аранжманот на песните го изработиле познати музички имиња.
По повод Патронатот гимназијалците 2 дена реализираа бројни активности како што се, историскиот час за животот и делото на Св Климент Охридски, промоција на филмот „Изборот на Ана“ во режија на Дамјана Видическа, Охридска визита, Атлетскиот крос по градскиот кеј под мотото „Во здраво тело, здрав дух“, и промоција на „Збирка задачи на која автори се ученичката Исидора Јанева и проф Жаклина Лазаревска.
{loadposition content9}