ДПМНЕ Охрид реагира на огласот за нови вработувања во општината
Тие обвинуваат дека станува збор за партиски вработувања во локалната самоуправа.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ со остра реакција на јавниот оглас за вработувања во општинската администрација. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Никола Митровиќ смета дека новите 32 вработувања ќе бидат на директен товар на граѓаните на Охрид. Митровиќ додава вработување на нови кадри во ситуација кога јавните претпријатија се пред банкрот е само знак на недомаќинското работење на локалната самоуправа.
„Фактот што општина Охрид и Петрески распишуваат оглас во пресрет на локалните избори, ни дава за право да се сомневаме дека СДСМ и Петрески ја отвораат вратата за нови партиски вработувања. Целта е полнење на општините со партиски заслужните војници, за сметка на младите и способни кадри кои немаат шанса наспроти членовите на СДСМ. Јасно е дека ова се нови партиски вработувања во и онака пренатрупаната општинска администрација.“-вели портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Никола Митровиќ.
Митровиќ му порача на градоначалникот Петрески, наместо да вработува партиски кадри, да најде одговор на проблемите на охриѓани кои веќе втор мандат не се решени. Потенцираше дека овој јавен оглас за нови вработувања е нелогичен.
„Нејасно е како има пари за нови вработувања, а нема пари за плати на веќе вработените во општинската администрација? Зошто Александар Петрески, свесно и нанесува штета на општина Охрид, со отворање на нови работни места за партиски војници, во време кога ЈП Проаква има милионски суми на долгови, во време кога во долгови се заглавени и јавните претпријатија, како Комуналец, Билјанини извори, Нискоградба. Дали овие нови вработувања значат прибирање на лица кои ќе му користат на Александар Петрески за престојните локални извори сеејќи немир и закани кај населението во Охрид.“-рече Митровиќ.
Тој вели дека граѓаните ќе го казнат неодговорното работење на локалната на престојните избори, но и дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е создавање на стручна администрација со редовни примања без разлика на нивната политичка припадност.
{loadposition content9}