ДПМНЕ ја згреши локацијата за нивниот прес-велат од СДСМ
Експресна реакција од редовите на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
И од редовите на СДСМ не останаа покуси. На прес конференцијата на ДПМНЕ пред градскиот пазар, тие одговорија со сопствен прес. На обвинувањата од ДПМНЕ дека градскиот пазар не е изграден, претседателот на општинската организација на СДСМ, Наум Јованоски вели: „Охрид долго време беше заложник на првата фаза на децентрализација при што на градот и на охриѓани им се нанесе огромна штета во поглед на развојот на градот и изградбата на капитални објекти. Денешната конференција на ДПМНЕ тој ја оцени како уште една од низата промашени конференции.
„Сам си поставува прашања, и сам си одговара на нив. Без ни малку срам од неговото лажење. Точно е, пазарот не се изгради и се заради опструкциите на власта на ВМРО-ДПМНЕ, како на урбанистички така и на финансов план. Токму затоа се поставува прашањето: Дали ВМРО-ДПМНЕ и на Атанаско Михаилов, не ја погрешија локацијата на одржувањето на денешната прес конференција.“-рече Наум Јованоски-Претседател на О.О на СДСМ Охрид.
Јованоски на ДПМНЕ им порача да побараат други локации за нивните прес конференции. Тој им ги предложи Министерството за транспорт и врски, и министерството за финансии. „Уште подобро ќе беше прес конференцијата да ја одржеа пред ЕМО од каде владата испушти 2000 работници.“-рече Јованоски.
„Долг е списокот на местата каде што Атанаско Михаилов и ДПМНЕ можат да одржуваат прес конференции и да и поставуваат прашања на власта зошто Охрид се третира како последна дупка на свирката, веќе шест и пол години. На крајот на краиштата, градското пазариште во Охрид ќе се изгради, но дали при тоа Власта на ВМРО-ДПМНЕ ќе им ги врати украдените пари на народот кој не само што е донесен на просјачки стап, туку и тој просјачки стап им е земен. А на пазар не се оди со празни џепови.“-додава Јованоски. „Не е ништо чудно што ја згрешија локацијата кога Михаилов е од Делчево и не го познава доволно градот. Така му наложиле на човекот, а тој ги исполнува наредбите.“-вели Јованоски.
{loadposition content9}