ОО на СДСМ Охрид вечерва го објави кандидатот за градоначалник на Општина Охрид – д-р Асен Шајн.
–Човек со искуство, човек на кој може секој да се потпре, човек кој ќе ги ислуша грижите на секој еден охриѓанец и кој достојно ќе го претставува својот народ. Д-р Асен Шајн е почитуван доктор, човек и професионалец кој е посветен на грижата за луѓето. Неговата врата, како лекар, но и како личност секогаш била отворена за сите граѓани без разлика на нивниот статус, партија или мислење. Асен Шајн е познат меѓу пријателите и колегите како скромен, одговорен и директен во комуникацијата, како голем другар и човек од доверба, како трпелив слушател на сечив став и мислење. Мотото на Асен Шајн е дека со јасна визија и само преку заедништво, грижа за секој поединец и чесно управување, Охрид ќе ја добие иднината која ја заслужува. Неговото ветување е дека дадениот збор и дадената рака се човечките вредности на кои ќе се темели неговиот мандат. Тој верува во вредностите на СДСМ – еднаквост, правда, хуманост и напредок за секого. Социјалдемократски сојуз на Македонија е сигурен дека токму д-р Асен Шајн ќе донесе нова енергија, искреност и визија за Охрид, градејќи град по мерка на граѓаните, се вели во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.