Драма на сред чаршија во Охрид
Без дозвола тргаат врата, оштетуваат ѕидови на куќа, обвинува охриѓанката Љубица Мишева. Соседите и дојавиле што се случува во центарот на градот каде што таа и уште две фамилии 60 години имаат деловни простории.
Драма на сред чаршија во Охрид. Се соочуваме со голема неправда од комшиите обвинува Љубица Мишева, која денес се обрати, сметајќи дека нејзиниот глас ќе допре до надлежните институции.
„Овде вратата наша ни ја рушија, ни го оштетија ѕидот комшиите, а вратата лично е наша после 60 години без дозвола ни го зедоа влезот ни ги затворија дуќаните, а ги користевме ние како сопственици. Без да знајме ние дома тие да дојдет овде да ги менвет вративе како може такво нешто какво судство е ова да го прави ова вака од свое да бега да оди под кирија. Сатовите на ЕВН и МЈП Проаква се наши ние понатака ќе се тужиме ова го нема никаде на светов нека слушнат сите дури и премиерот Груевски“.
Битката на Мишеви со комшиите по судските установи, не е нешто ново. Како што кажа Славчо Мишев тие речиси 3 децении се влечкаат по тие врати барајќи ја правдата околу сопственоста на објектот.
„Ова беше стариот дуќан купен 61 година, 73 квадрати со се влезот а имат пресуди многу ама пресудата од 97 пишува конкретно за влазот и вратата да нема тука никаков клуч да влегуваат и тие и ние, а 86 го градев овој објект по урбанистички план и во договорот е кажано овие саатови за вода тука да се да ги користиме се е кажано во договорот ама во овој случак договорот не се признава.
Мишеви тврдат дека судскиот спор во врска спорните дуќани и влез, сеуште не е решен, па од тука недопусливо е таквото однесување на соседот кој според нив, само еден месец во годината доаѓа тука. На лице место увид вршеше и екипа на СВР Охрид, па после тоа Мишеви продолжија во полициската станица.
{loadposition content9}