Skip to main content

Центар за култура григор прличев

Драмата Сам против сите ќе се прикажува во Охрид

Целта на „Сам против сите” е да им помогне на сите луѓе да се погледнат во огледало, да се соочат со своите стравови и да се изборат за своето место под сонцето.
 |  инфодеск  | 
Сам против сите

Во среда на 14-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажана современета драма „Сам против сите“.

Автор на текстот е драматургот Огнен Неделковски. Играат: Магдалена Ризова-Черних, Сашо Ристовски и младиот актер Димитрие Марковски. 

Tемата на оваа пиеса е борбата против анксиозноста и депресијата. Лекот за нив се наоѓа во секој од нас, само треба да го најдеме. Целта на „Сам против сите” е да им помогне на сите луѓе да се погледнат во огледало, да се соочат со своите стравови и да се изборат за своето место под сонцето.

Анксиозноста и депресијата се најсериозни болести и најголеми непријатели на луѓето во 21-от век. Тие не бираат возраст, пол, вера или националност. Во секоја личност наоѓаат плодна почва и напаѓаат. Траат долго и полека, но сигурно ги уништуваат луѓето, праќајќи ги своите војници – разните видови страв. 

Проектот „Сам против сите” има за цел да ги отвори сите прашања поврзани за анксиозноста и депресијата, кои со години се кријат под тепих и за кои луѓето не сакаат да зборуваат. Преку три индивидуални човечки приказни и судбини, авторите на овој проект ќе ги откријат дел од причините за појавување на анксиозноста, ќе понудат разни начини за соочување и борба со оваа болест и секој од нив ќе излезе како победник со својот невидлив непријател.Низ низа ситуации, дел комични за некои, дел тажни, оваа претстава е специфична бидејќи ги третира прашањата на секој човек, информирааат од Центарот за култура „Григор Прличев“.