Skip to main content

Драмскиот дел на Охридско лето започнува со претствата Отело

Драмскиот дел на Охридско лето започнува со претставата Отело.

 |  Валентина Неловска  | 
отело
отело

Со претставата Отело актерите на битолскиот народен тетар го заполчнуваат драмскиот дел на фестивалот Охридско лето. Младите актери од битолскиот театар ја подготвувале претствата под режисерското водство на Диего де Бреа. Костимите се дело  на Благој Мицев. Мицев е здоволен од соработката со режисерското име на де Бреа.

„ Тој за нас беше исклучително искуство,  режисер што се случува еднаш на неколку години. Де Бреа  успеа да ги повлече работите и во организација и во идеја, визуелно,  и на се она што го работиме. Отело е една претстав која на многу нивоа ги поместува границите во нашиот театар и во театарот во Македонија воопшто.“  
отело
Актерите, исто така не  го криеа задоволството од големото искуство кое го стекнале за време на подготовката на претставата  од словенечкиот режисер Де Бреа. Во улогата на Дездемона игра Катерина Анеска, која  за ликот кој го игра ќе рече.

„ Таа е како од еден друг свет, олицвоторение на чисто, невино и англеско. Жртва е на болниот ум на Јаго и на љубовта на Отело.“  

Претставата е едно реално видување дека и најмоќните луѓе имаат чуствително место кое може да се скрши. Приказна за еден човек кој има целосна контрола врз себе, но влегувајќи во параноидна состојба се соочува со љубомора и на крај  завршува трагично.

отелоТемата во ова време во кое живееме , во секоја смисла  е многу актуелна. Станува збор за цивилзиациска тема која ги опфаќа војната, љубовта, верата, нагласува актерот Маријан Ѓоргиески  кој го игра ликот на Јаго.

„ Ова е прв негативец што ги имам играно во мојата кариера, не очекував дека ќе иставам такви работи од мене. Работата со режисерот е од непроценлива вредност. Живото кој го ствараме на сцена е најголемиот благослов за еден актер да игра на сцената“, истакна Ѓорѓиески.  

Улогата на Отело ќе ја игра  Борче Ѓаковски, а во останатите улоги ќе ги видиме  Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли, Петар Горко, Илина Чоревска, Никола Пројчевски. Претставата ќе се игра на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“.

{loadposition content9}