Дрим без пластика
Годинава по шести пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Овој проект ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен.
Годинава по шести пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим. Овој проект ги опфаќа реката Сатеска, Глобочичко Езеро и Дебарско Езеро, кои сите заедно се дел од Дримскиот басен.
Централниот настан ќе се одржи на 03.05.2019 година во Центар за култура во Дебар.Организатор на овој настан ќе биде Регионалниот Зелен Центар од Охрид, во партнерство со Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар. Проектот „ Дрим без пластика“ е финансиран од ГЕФ- Глобален еколошки фонд и неговите партнери. Регионалниот Зелен Центар во месец март аплицираше со проектот „Дрим без пластика“ и истиот беше одобрен од Глобалниот еколошки фонд- ГЕФ.
Во рамките на овој проект има повеќе активности:
Истражувањето ќе го вршат волонтери од изворот на реката Сатеска до вливот во Охридското Езеро, реката Црни Дрим, Глобочичко Езеро, Дебарско Езеро. Целокупното истражување ќе биде снимено и документирано, а ќе биде изготвен и документарен филм „ Како ќе изгледа реката Дрим без пластика“.
Средба со учениците од основното училиште од општина Дебарца ќе биде од едукативен карактер и ќе се одвива на локацијата на изворот на реката Сатеска, каде учениците ќе се запознаат со реката. Учениците ќе го посетат мостот на реката Сатеска кај селото Волино, која област претставува грда слика, место каде има големи количини на пластичен отпад. Учениците ќе бидат брендирани со маички и ќе им биде поделен рекламен материјал.
Еколошката акција „ Да го исчистиме Дебарското Езеро од пластичен отпад “ ќе биде на повеќе локации околу езерото. На еколошката акција ќе учествуваат волонтери и ученици од Дебар кои ќе бидат брендирани со маички, ќе бидат поделени ќеси за отпад, ракавици. Целиот собран отпад во соработка со Комуналното претпријатие од Дебар ќе биде однесено во депонијата на градот.
По еколошката акција, ќе се одржи музички еко-хепенинг.