Женски Центар ,,Бисера” од Охрид и Локалната агенција за развој од Струга, во рамките на проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи”, координиран од Црвениот крст на Република Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст, одржа уште една активност.
Членки на Женски Центар ,,Бисера”, за Божик го посетија Геријатриското одделение при Општа Болница Охрид и поминаа пријатни моменти со штитениците во оваа установа.