Зошто се сечат дрвата на „Мазија“
Зошто се сечат дрвата на „Мазија“, прашуваат граѓаните. Стравуваат дека таму ќе никне некаква градба. Од Локалната самоуправа смируваат дека само се врши расчистување на месноста со цел проширување на паркот.
Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација, се поткаструваат дрвата, а се исечени и некои стари стебла. Граѓаните прашуваат зошто се превземаат вакви активности. Загрижено велат дека сигурно нешто ќе се гради. Некои зад камера коментираат дека тука ќе биде лоциран Центарот на вода кој уште пред неколку години требаше да се гради во непосредна близина на мостот кај каналот. Од Локалната смируваат.
Знете дека се што се прави во градов е според претходно донесена програма и урбанистичко решение кое е изгласано на совет. На овој потег ништо нема да се гради. Тоа е чиста шпекулација, вели портпаролот на Локалната самоуправа, Томе Џамтоски.
Џамтоски објаснува дека целта на зафатите на Мазијае да се прошири зелената тревна површина која на тој начин полесно ќе се одржува. Дрвата кои се исечени се стари и што е проценка на Комисијата за сечење дрва од Општина Охрид.
Вие знаете дека сите активности кои ги презема ЈП Комуналец во врска со сечењето на дрвата во градов е во корелација со Комисијата така да нема место за никакви коментари. Ништо не се сече на своја рака, вели Џамтоски.
Инаку, и во другите делови на градов се поткаструваат дрвата и се чисти зелената вегетација. Ангажирани се сите парковски работници од ЈП „Комуналец“ и специјално возило за транспорт на зелениот отпад.
{loadposition content9}