Дрвјата на дел од охридското крајбрежје, пансион за неколку семејства
Дрвјата на дел од охридското крајбрежје, пансион за неколку семејства. Станува збор за просторот кај поранешната војска, сегашното дисперзирано училиште „Св Климент Охридски“, во населба Даљан. Тоа се луѓето кои секоја вечер можеме да ги видиме како питаат во градов, некои од нив се препродавачи на старо железо, велат од Урбана заедница Воска.
На крајбрежјето во близина на хотелот Магнус во Охрид, неколку ромски семејства ноќеваат во У.З, Даљан, реагираат мештаните од оваа задница. Тие велат дека ваквата појава посебно е изразена во летниот период. Кажуват дека една од ретките недопрени природни плажи каде до пред некоја година можеле спокојно фамилијарно да уживаат во летното сонце, последниве години мирот им го нарушуваат т.н. дојденци кои ги окупирале сенките од дрвјата користејќи ги за преспивање. И не само тоа, тие воопшто не внимавале на зачувување на животната средина, на плажата фрлале отпад, а и физиолошките потреби ги извршувале во природа. За ваквата состојба запознат е и претседателот на Урбаната заедница Горан Митрески.
„Тоа се пред се ромски семејства, кои најверојатно се од Битола и доаѓаат со почетокот на сезоната околу 1 ви мај, искористувајќи го просторот онаков каков што е во Даљан. Уште додека трае учебната година тие се тука ипоследици трпат и учениците кои учат во дисперзираното училиште. Точно е немаат услови за живот, нема каде да одржување на лична, тие се бучни, се занимаваат со полулегални бизниси, грда селика се не само за населбата, туку и за целиот град.
Митрески вели дека со проблемот биле запознати и сите надлежни институции. Додава дека полицијата ги легитимирала и опоменувала за да го напуштат местото, но не знаат што се случува или презема понатаму.
„И минатата година и оваа година јас лично го пријавив случајот во МВР и во општинскиот инспекторат, останато е на нив. Во секој случај МВР во неколку наврати успеа на некој начин да ги отстрани, но со тоа не се реши проблемот. Тие можеби се отстранија од кај нас од У.З од хотелот Магнус, но во секој случај ги среќававме повторно низ Охрид, каде беа сместени, тоа не знам да ви кажам“
Минатата година Митрески кажа дека ромските семејства биле населени во пансионите на хотелот Магнус, кој како што е познато повеќе години не е во функција. Додаде дека и тогаш, одвај со помош на надлежните успеале да го надминат проблемот. Но за жал и годинава се повторува истата слика, само што оваа сезона ноќеваат на отворено. Повеќето од месното население во Даљан и Воска, стравувале за својата безбедност, бидејќи не ретко се случувало да има обиди за кражби.