Државата има обврска да обезбеди услови за работа на новинарите
Државата има обврска да обезбеди услови за работа на новинарите.
Пред новинарите се исправени голем број предизвици за подобрување на состојбите во медиумите, истакна Насер Селмани претседателот на ЗНМ. Тој се сретна со охридските новинари членови на здружението.При тоа напомена дека државата има обврска да обезбеди услови за работа на новинарите. Од понеделник Селмани ги најави разговорите кои ќе следуваат со новата влада за да се изгради нов медиумски систем во држават поучени од досегашните искуства.
„ Прво што ќе бараме од новата влада да најде механизам да престане насилството врз новинарите. Мора да се најде механизам меѓу полицијата, обвинителството и судот.Сите досегашни напади на новинарите сторителите да се откријат и да се изведат пред лицето на правдата. Ова е ноепходно нема друг начин како да се прекине со ваква пракса. Луѓето ќе поминат неказнето и ќе продолжат да ги напаѓаат новинарите“, вели Селмани.
Второ прашање кое го руши медиумсиот систем во Македонија е упадот на владата и јавните институции во функционирање на медумите, посочува Селмани.
„Ние ќе бараме сите форми на фиснирање на државно илокално ниво д апрестанатаНаместо то аќес е зложи,е субвенционирање ан медиумите Не на сите .Тоа не е европска пракса ако сакаме европски интеграции треба да ги применеме нивните искуства. Субвеницонирање за печатените, локланите, регионалните и малцинските медиуми. Има разни модели во Европа, ќе ги ставиме на маса сите и ќе видиме кој е најблизок до нашите околности и ќе го промовираме“, нагласува Селмани.
ЗНМ ќе предложи и реформи на јавниот радиодифузен сервис. Мора раководните органи да бидат професионалци , а не партиски личности. Сумата која сега ја добива јавниот сервис ќе се бара да биде двојно повисока.