Skip to main content

Образование

Дуалното образование спас за сите

Се бараат начини како младиот стручен кадар да остане дома, а стопанството да има квалитетни работници. Спасот се гледа во дуалното образование и поврзувањето на стручните школи со компаниите. Приоритет е создавање можности за изведување на практична настава за учениците и мотивација од семејствата за средношколоците да избираат стручни профили
 |  Валентина Неловска  | 

Се повеќе се нагласува потребата од меѓусебната соработка на стручните школи и компаните кои ќе ги ангажираат младите кадри да се вработуваат во домашното стопанство. За таа цел се одржа работилница во рамките на кампањата „Учи паметно работи стручно“. Средбата е реализирана од општина Охрид и Министерството за образование и наука во соработка со општинските стручни училишта, компаниите, бизнис секторот. Градоначалникот Кирил Пецаков го посочи успешниот пример од дуално образование во ЕМУЦ Св Наум Охридски и компанијата ОДВ. Потенцира дека од година во година расте интересот на основците за упис во ова стручно училиште, а од минатата година моделот почна да се применува и во економското средно училиште.

Претстои многу работа во зацврстување на соработката помеѓу бизнис секторот и училиштата. Со цел младите да се стекнат со знаења , вештини и искуство за полесно да се вклучуваат на пазорт на труд “, рече Пецаков.

Сашо Недески, директорот на ЕМУЦ Св. Наум Охридски, споделува нивно искуство кое започна од 2018 година. Почнаа со профилот техничар за индустриска мехатроника со 17 ученици, а во моментов имаат 314 ученици вклучени во дуалното обарзование во сите профили.

„За секој профил треба да се најдат партнерски комапнии за да се реализира проектната настава. Главната идеа е онаму каде што ја реализираме практичната настава по завршувањето на образованието да се вработат“, вели Недески.

Сузана Наумоска, од услужниот бизнис сектор, напомнува дека тешко доаѓаат до квалитетен стручен кадар во нивниот сектор. Се соочуваат со недостаток на квалитетен кадар и со млади кои немаат желба за работа и покрај тоа што се нудат добри услови и повисоки плати. Од 20 завршени ученици едвај може да избереш еден кој знае и сака да работи, вели Наумоска.

Семејството има голем удел , но не ги мотивира за работа. Немаат интерес да учат и да стекнуваат знаења. Порано имаше волонтерска работа каде што се помагаше, се стекнуваа знаења и вештини“, напоменува Наумоска.

Марјан Радески, директор на Регионалниот државен угоститески средношколски центар Ванчо Питошески , вели дека угостителско – туристичкито сектор, исто така, се соочува со голем недостаток на кадар. Учениците завршуваат, заминуваат во странство или голем број од нив работат во други дејности.

Како училиште максимално се залагаме да придонесеме во подобрување на конкурентноста, во отворање на работни места и да продуцираме нови кадри. Но, треба да се работи взаемно и со работодавачите од овој сектор. Да иницираме повеќе средби и да дојдеме до заеднички решенија за промовирање на стручното, средношколско образование во угостителско туристичкиот сектор“, вели Ристески.

Општина Охрид ја поддржува концепцијата за дуално образование, укажува Димитар Спасески, раководител на секторот за образование .

„Се покажа успешна активност со која ги мотивиравме завршените основци да аплицираат и да го продолжат образованието во стручните училишта во Охрид. Има мрежа од стручни училишта и компании кои ќе овозможат практична настава која ќе се одвива таму, надополнета со стручно образование кое дава резуалтати“, кажа Спасески.

Од министерството за образование и наука потенцираат дека од дуалното образование имаат бенефит сите, училиштата, родителите, работодавачите. Во земјава, пред три години овој концепт започнал скромно со 100 тина ученици во 11 паралелки. Денес, бројката расте и кај интересот на учениците кој достигнал повеќе од 250 паралелки и кај компаниите за соработка чија бројка изнесува 450 .