Духовден, неработен ден
Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија 2 јуни 2017 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

Духовден или Дуовден — еден од најголемите 12 христијански празници. Се нарекува уште и Педесетница (грчки: πεντηκοστή, латински: pentecoste) и е еден од најрадосните и најсветли празници во христијанството во кој се слави слегувањето на Светиот Дух врз апостолите на педесеттиот ден од Христовото воскресение. Овој настан претставува исполнување на старозаветните месијански пророштва.