Собранието ги изгласа законските измени, сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница.
Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.
Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.
Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот на годината, а и очекувањата согласно веќе направени резервации за странски туристи кои што оваа туристичка сезона ќе ја посетат Северна Македонија, посебно Охрид и Струга, согласно законските измени очекуваме зголемување на туристичката активност во целата земја. Измените на Законот за трговија се донесени со заеднички дијалог во инклузивен процес со сите засегнати страни, посебно во туристичкиот сектор. Работниците во трговските објекти кои ќе работат во недела и празници ќе добијат дневница поголема за 100 проценти – објави министерот.
На оваа одлука се огласи и Маја Бакал, претседател на Здружението „Чаршиски еснаф“.
Охрид и Чаршијата ви се благодарни за несебичното залагање и поддршка за измена на законот за работа во Недела и празници во туристичките места Законот е донесен со поддршка од сите политички партии и со тоа докажавме дека имаме сенс за вакви суштински прашања. Охридската Чаршија ќе продолжи да опстојува благодарение на сите Вас – напиша Маја Бакал.