Два инциденти во спортски центар во Охрид, приведен 18-годишник со 1,75 промили алкохол, нападнат кошаркарски судија
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на двата настани, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Два инциденти биле пријавени во Охрид на 22 ноември во спортски центар. Во раните утрински часови, полицијата привела 18-годишен охриѓанец кој пред угостителски објект во рамки на спортски центар агресивно се однесувал кон полициски службеници. Алкотестирањето покажало 1,75 промили алкохол во крвта.
Вториот инцидент се случил за време на кошаркарски натпревар во спортската сала „Билјанини извори“, кога едно лице физички го нападнало главниот судија, 26-годишен жител на Неготино.
Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за целосно документирање на двата настани, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.








