На 07.04.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга настанал пожар на крајбрежниот појас на Охридското езеро.
-Притоа биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.
На 06.04.2024 во СВР Охрид е пријавено дека на подвозник на булеварот „Железничка” во Охрид настанал пожар во кој биле опожарени пластични предмети и површина со нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.