Skip to main content

СВР Охрид

Два пожари на отворено викендов во охридско

Викендов пријавени биле два пожари, во едниот случај горела трска на стариот пат Охрид-Струга, а во вториот случај отпад и нискостеблеста вегетација на ул Железничка.
 |  инфодеск  | 
пожар на трска

На 07.04.2024 во 20.10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на стариот пат Охрид – Струга настанал пожар на крајбрежниот појас на Охридското езеро.

-Притоа биле опожарени површина со езерска трска и два пловни објекти. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршија полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

На 06.04.2024 во СВР Охрид е пријавено дека на подвозник на булеварот „Железничка” во Охрид настанал пожар во кој биле опожарени пластични предмети и површина со нискостеблеста вегетација. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.