Skip to main content

Два пожари ги пеплосаа домовите на четири охридски семејства

Викендот помина несреќно за четири охридски семејства.

 |  Валентина Неловска  | 
pozar
pozar

Викендот помина несреќно за четири охридски семејства. Пламени јазици им ги пеплосаа домовите на семејствата Шемо и Тоскоски.  Домот на Тоскоски, во населбата Видобишта, настрада од пожар  вчера напладне  околу 14 часот. Се запалил ТВ приемникот и за 10 минути пожарот им ја проголтал целата покуќнина и оставил само поцрнети  ѕидови. Димче Тоскоски вели дека веднаш интервенирале  против пожарните возила.

„Луѓето најпрофесионално ја завршија својата работа, толку можеа да спасат. Изгореа и дограмата и паркетот, штетата е многу поголема, но со скромна проценка би била околу 10.000 евра“, вели Тоскоски.
pozar1
Во саботата пак, доцна навечер, на спиење, пожар ги зафатил и трите лепенки на браќата Шемо. Се претпоставува дека причина за овој пожар е електричната  инсталација. Ова семејство настрадало во пожар и пред 5 години. Со солзи во очите, Асиме и Лирије бараат помош и излез од нивната неволја.
„ Три фамилии изгоревме, се ни изгоре, немаме покрив, се е пеплосано. Ако можете помогнете ни, вели очајно мајката Асиме. Нејзината снаа вели збунета сум не знам што ќе биде со нас. Сега сме сместени во една соба кај соседите ама нема услови, ни вода, ни облека. Останавме без храна, а децата се без книги и тетратки како ќе учат понатака не знам.“
 Градоначалникот Александар Петрески денес ги посети настраданите семејства и во Видобишта и на улицата Бистрица. Петрески вети максимална помош за загрозените семејства Тоскоски и Шемо. Кажа дека на престојната седница на Советот ќе ја стави на дневен ред точката за донесување одлука со која ќе им се помогне на настраданите семејства да ги обноват опожарените домови. За семејствата на тројцата браќа Шемо вети дека ќе обезбедат храна за 10-тина  дена. Петрески  повика граѓаните да внимаваат на оџаците и електричната инсталација за да нема вакви слични несакани ситуации. Се обрати и до охриѓани и до бизнисмените кои се во можност да им помогнат на несреќните сограѓани. Апелираше и до државните институции привремено да ги сместат членовите на семејството Шемо.
„ Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор да ги смести семејствата во постоечките социјални станови додека трае  санацијата на  оштетните домови“, повикува Петрески.
Кај семејството Шемо го затекнавме и советникот Кујтим Хусеин. Тој  дошол на помош и во првите моменти на пожарот. Вечерта беше страшно, кусо вели Хусеин. Веќе исконтактирав со бизнисмени за да им помогнеме на овие несреќни луѓе да почне обновувањето на опожарените домови. Ќе се обратам и до Црвен крст и другите институции за  да им помогнеме на семејствата и децата кои останаа голи, боси и гладни, кажува Хусеин.
    {loadposition content9}