На 06.02.2024, полициски службеници од СВР Охрид, приведоа 54 годишен маж од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
На 06.02.2024 во 20.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е 34 годишен маж од Охрид кој, во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија, информира портпаролот на полицијата, Стефан Димоски. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.