Два тур оператори ги откажаа летовите за Охрид

Тур операторот Корендон оваа сезона нема да носи туристи од Холандија на брегот на Охридското Езеро. Поради внатрешна реорганизација компанијата ја укина чартер линијата Амстердам – Охрид која во сезона оперираше три пати неделно. Во новиот летен ред на охридскиот аеродром го нема и еден од најголемите полски тур операторот „Реинбоу” кој носеше гости од Варшава.
Причините за нивното откажување се високите цени на алл-инклузив услугата во хотелите.
„Со новите линии се отвораат можности за доаѓање на што повеќе индивидуални гости но тука би напоменал дека не треба да се запостават или стават во втор план редовните тур оператори кои што веќе долги години оперираат на охридскиот аеродром со дирекни чартер линии и носат голем број на гости. Веќе нажалост оваа сеозна имаме намалување и откажување од некои тур оператори бидејки дел од угоститлско – хотелскиот сектор одлучија некои услуги кои ги даваа во минатото да ги исклучат.“ – вели Јаким Маленко тур оператор од Охрид.
Од ХОТАМ велат цените на понудената алл инклузив услуга се оправдано зголемени, поради драстичното поскапување на трошоците и не може да се задржат на ниво како лани.
„Општо цената за алл инклузив која штпо беше понудена од повеќето хотели за жал тие сметаа дека е доста повисока и дека не очекувале толкави поскапување, но може да се каже во околината, зборуваме за Грција, Турција, Албанија дека на алл инклузив цените а и на останатите цени за групите сме едни од поевтините.“ – вели Крсте Блажески.
Холанганите и англичаните ќе доаѓаат со тур операторот Туи, а деновиве ќе се знае дали и вториот полски тур операторот Регобис ќе лета за Охрид. Од аеродромот Свети Апостол Павле оваа сезона оперираат шест авиокомпании до 8 различни дестинации.
Новинар Соња Рилковска