Skip to main content

Физички напад

Двајца кичевчани нападнале охриѓанец

Нарушен е јавниот ред и мир по случена сообраќајна незгода во близина на автокамп на регионалниот пат Охрид-Струга.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 19.07.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека на 18.07.2022 година околу 20:30 часот, по случена сообраќајна незгода во близина на автокамп на регионалниот пат Охрид-Струга, нарушен е јавниот ред и мир.

Извршен е физички напад од Е.М.(34) и З.М.(51) од Кичево врз А.С.(43) од Охрид. Против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.