Skip to main content

Двајца охриѓани добија кривична за дивоградба во Велестово

Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63 и 52 годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”.

-На катарстарска парцела во охридското село Велестово, тие неовластено и без соодветна градежно – техничка документација, како и без одобрение за градба издадено од надлежен државен орган, отпочнале градба  на семејна куќа, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од овластен градежен инспектор градилиштето било затворено со службена лента и службен знак.