Skip to main content

СВР Охрид

Две интервенции на пожарникарите вчера во Охрид

И во двата случаи нема повредени лица, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

На 10.04.2024 во 19.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во помошни простории од куќа на улица „Марко Цепенков” во Охрид. Истиот ден во СВР Охрид е пријавено дека на површина со нискостеблеста вегетација кај стрелиштето „Бејбубнар”, избувнал пожар.

Неофицијално, причина за пожарот кај стрелиштето „Бејбубнар” е човечки фактор, односно палење на гуми при што огнот се проширил на поширока површина.

Од СВР Охрид информираат дека и во двата случаи нема повредени лица, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

Изминатиов период СВР Охрид отпочна со поинтензивни активности и контроли со цел, поголема заштита на регионот од појава на пожари.

„Апелираме граѓаните да избегнуваат палење оган во шумските предели, на стрништа, на плевел, отпадоци и на секој друг отворен простор, и потсетуваме дека, предизвикувањето на шумски пожар намерно или од невнимание, претставува кривично дело, кое се санкционира со соодветни кривични пријави и за кое е предвидена и затворска казна до 8 години (член 227 од Кривичниот законик), зависно од видот на пожарот и другите околности и последици.“ – вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.