Две лица физички нападнале 21-годишник на на булеварот „Железничка“
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Во близина на деловен објект на булеварот „Железничка“ во Охрид, две лица физички нападнале 21-годишен охриѓанец. Случајот бил пријавен во СВР Охрид на 28 септември, околу 23 часот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.




