На 13.05.2022 година, С.К. (38) од Охрид, во надлежната полициска станица пријави дека нејзиниот син, на улицата „Александар Гушо” во Охрид бил каснат од куче-домашен миленик, сопственост на Љ.Н. од Охрид.
Истиот ден, М.Р. (44) од охридското село Велгошти, пријави дека на улицата „Илинденска” во селото, била касната од куче скитник.