Напад од куче
Две лица каснати од кучиња
Едно лице е каснато од куче-домашен миленик на ул. „Александар Гушо“, додека друго лице е каснато од куче скитник на ул. „Илинденска“.
На 13.05.2022 година, С.К. (38) од Охрид, во надлежната полициска станица пријави дека нејзиниот син, на улицата „Александар Гушо” во Охрид бил каснат од куче-домашен миленик, сопственост на Љ.Н. од Охрид.
Истиот ден, М.Р. (44) од охридското село Велгошти, пријави дека на улицата „Илинденска” во селото, била касната од куче скитник.


