Skip to main content

Свр охрид

Две лица нападнале полициски службеници

Приведени се две лица кои го нарушиле јавниот ред и мир пред угостителски објект на ул. Железничка и се однесувале агресивно кон полициски службеници.
 |  инфодеск  | 
Полиција

На 02.07.2022 година во 02:50 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, по претходно нарушен јавен ред и мир, приведени се Р.Р.(21) од струшкото село Теферич и И.Р.(48) од Струга.

Тие се однесувале агресивно кон полициските службеници кои, при извршен преглед, кај нив, пронајдоа и одзедоа два ножеви и еден метален пендрек. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.