Skip to main content

Кривични пријави

Две лица вршеле јавен превоз без лиценца

Кривични пријави за две лица, од кои едниот од Охрид, а другиот од Струга поради вршење јавен превоз без лиценца.
 |  инфодеск  | 
Јавен превоз

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Џ.(45) од Охрид и Н.П.(32) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца”.

При контроли извршени на 08.04.2022 и на 23.04.2022 година на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници сопреле патничко возило „Форд” и комбе „Форд Транзит” што ги управувале пријавените и констатирале дека немаат соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај издадена од надлежен државен орган – се вели во соопштението на СВР Охрид.