Skip to main content

Две локации во игра за изградбата на градската марина

За скоро време ќе се знае локацијата на која локалната самоуправа ќе ја гради долгонајавуваната градска марина. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, во игра се две локации.

 |  Мишел Наумоски  | 
gradska marina
градска марина

Утврдувањето на конечната локација за изградба на градската марина е при крај, најавуваат од локалната самоуправа. Реализацијата на овој проект кој долги години наназад се најавува, според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ќе добие финансиска поддршка од Владата, односно средства од буџетот на Република Македонија. За изградба на марината, во моментов се одлучува помеѓу две локации.

brod„Во оптек се две локации, едната е локацијата во централното градско подрачје до старото градско пристаниште и втората локација е некаде околу каналот „Студенчишта“ за кои што треба да се остварат и некои други предуслови за да би можеле да ја реализираме оваа идеја, овој проект. Ние во овој момент можам да кажам дека преговараме со МВР и со Министерството за одбрана околу можноста за дислокација на двата објекти кои што во овој момент ги користи МВР односно АРМ. Доколку изнајдеме можност за нивна дислокација, стои во оптек и опцијата да градската марина може да се изгради околу каналот „Студенчишта“.-вели градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Инаку уште на почетокот на оваа година, во февруари месец, градоначалникот Бакрачески информираше дека во тие моменти се работело на изработка на идејното решение после што требаше да се објави оглас за изработка на главниот проект за изградба на градската марина.

{loadposition content9}