Skip to main content

СВР Охрид

Две мајки се истепале на ул. „Ванчо Питошески” поради кавга меѓу нивните деца

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 

На 01.05.2024 во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески” во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36 и 35 годишни, двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

фото: илустрација