Две можни, но различни визии за иднината на регионов се во игра
Две визии за зачувување на природното и културното наследство кое ни е оставено како наследство. Едната е да се зачува ова единствено природно и културно богатство со кое располагаме, што пак ќе донесе вистински бум во развојот на туризмот и онаа другата визија за иднината нејзин див, неконтролиран развој, нелегални градби, непочитување кон животната средина и иднина во која ќе го уништиме природното и културно богатство кое го имаме, кажа Евро амбасадорот Дејвид Гир, при неговата посета на Општина Дебрца.
Што треба да се направи? Сите заеднички треба да дејствуваме. И централната и локалната власт, невладиниот сектор, граѓаните и секако бизнис заедницата и да се обидеме да го зачуваме овој регион, но и да му дозволиме да се развива за добробитот на населението, како за Европа така и за светот – истакна Гир.
Во однос на препораките во последниот извештај на УНЕСКО, Општина Дебрца не треба многу да биде загрижена, бидејќи дивоградби во оваа општина нема, но сепак дел од препораките кои важат за соседните општини и кои треба да се исполнат, ја засегаат и оваа општина, објасни Зоран Ногачески, градоначалник Општина Дебрца.
Проблемот кај нас се однесува повеќе на немање на инфраструктура. Еден од тие проблеми е овој заедничкиот проблем со одлагање на комунален отпад. Проблемот со обезбедување на канализациони места кои гравитираат до Охридското езеро и тие се тие препораки кои Општина Дебрца треба да ги исполни во делот на препораките. А тука е секако проблемот со реката Сатеска на којшто изминатиов период значително се работеше и направен е еден значителен напредок со реставрирањето на старото речно корито – вели Ногачески.
Евроамбасадорот подвлече дека причината за неговатата неодамнешна поосета била да ја пренесе пораката на ЕУ дека преку најразлични фондови ќе го поддржува креирањето услови за подобар социјален живот на локалното население, преку поддршка на проектите насочени кон креирање можности за развој на земјоделството, но и за промоција на регионот во сферата на руралниот туризам.