Skip to main content

Двете охридски високообразовни институции денес ги отворија вратите за упис на новите студенти

Зголемен интерес во однос на минатата година има и на Факултетот за туризам и угостителство и на Универзитетот за информатички науки и технологии. Кандидатите секој со различни очекувања, секој на студиската програма која смета дека најмногу му одговара.

 |  Мишел Наумоски  | 
upisi
уписи

Охридските високообразовни институции, Факултетот за туризам и угостителство и Универзитетот за информатички науки и технологии денес им ги отворија своите врати, но и вратите кон иднината на кандидатите за новата учебна година. Ако се земат предвид бројките со кои веднаш по затворањето на првиот уписен ден од првиот уписен рок, охридските високообразовни институции можат да бидат задоволни до овој момент од интересот на кандидатите. А тие, секој со различни очекувања и причини зошто го одбрале својот факултет.

„Да продолжам колку да имам некоја основа, диплома за завршено образование.“-рече еден од кандидатите.

upisi FTUДеканот на Факултетот за туризам и угостителство, проф.д-р Сашо Коруновски, задоволен од интересот на првиот уписен ден, вели дека очекува до крајот на вториот уписен рок да биде исполнета квотата одредена од Владата од 285 слободни места.

„До овој момент можам да кажам дека на ФТУ се пријавиле 103 кандидати на петте студиски програми кои ги нудиме за идната учебна година и тоа на туризам, хотелско-ресторантски менаџмент, гастрономија, исхрана и диететика, осигурување, царина и шпедиција. Од првичните сознанија, најголем интерес има за двете студиски програми за туризам и царина и шпедиција, но од годините што ја водиме онаа евиденција за пријавени и интерес на кандидатите, оваа година имаме зголемување на интересот барем во првиот ден за насоката гастрономија, исхрана и диететика што е едно позитивно изненадување за нас.“-вели проф. д-р Сашо Коруновски-Декан на ФТУ.

Еве зошто кандидатите го избрале Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле и кои се нивните очекувања.“

upisi UINT„Очекувањата се што побрзо да најдам работа, една од главните причини што се запишав на овој факултет е бидејќи е во мојот град.“

„Мислам дека е лесно, се учи на англиски, што е добро и мислам дека има иднина со оваа насока.“

„Бидејќи е перспективен и мислам дека е еден од најдобрите, затоа мислам дека нуди добри услови.“

„Слушнавме добри препораки за овој универзитет. Се надеваме дека ќе ни овозможи добра работа.“-рекоа кандидатите.

За зголемен интерес говорат и од овој универзитет на кој на првиот ден од првиот уписен рок се нудеа 440 слободни места.

FTU„Можeме да се пофалиме дека имаме поголема заинтересираност за упис на нашите факултети и студиски програми. Некаде околу 30 проценти има поголема заинтересираност и досега се запишани до 12 часот апликанти на нашите факултети, знаете дека имаме пет факултети, сите се поврзани со информатиката. На сите пет имаме десет студиски програми со 3 и 4 години зависно од интересот на студентите.“-изјави Елена Наумова-Раководител на студентски прашање и ЕКТС „Универзитет Св.Апостол Павле“.

Што се однесува до странските студенти кои се запишуваат на овој универзитет, Наумова вели дека сеуште не е одредена нивната квота бидејќи се чека завршување на конкурсот за избор на странски стипендисти. Уписи во првиот уписен рок во охридските високообразовни институции ќе се вршат и во текот на утрешниот ден. Резултатите пак од пријавувањето и успехот во средно образование ќе бидат објавени на 19 август на Факултетот за Туризам и угостителство, додека на 20 август на „Св. Апостол Павле“. Запишувањето на кандидатите  ќе биде на 25-ти и 26 август, а вториот уписен рок е во Септември.

{loadposition content9}