Skip to main content

Двојки, тројки и четворки за охридските основни училишта

Двојки, тројки  и четворки за охридските основни училишта.

 |  Валентина Неловска  | 
школи

Музичкото основно училиште Методи Патче е меѓу 8 -те најдобри училишта во земјава. Ова е оценката од извештајот на интегралната  евалуација за 2015  која Државниот просветен инспекторат ја прави во училиштата на секои три години. Просветните инспектори ја скенираат  работата на училиштата во повеќе сегменти според кои училиштата ги добиваат оценките.

школиИнспекторите го оценуваат менаџирањето на училиштето, постигнатиот успех на учениците, условите за работа, реализацијата на наставните програми и планови, климата за работа, меѓучовечките односи. Досега со најдобра оценка 4 биле оценети уште две основи охридски училишта  „Христо Узунов“ пред една година  и „Св Климент Охридски“ пред три години. И во двете  училишта препораката била да се подобри  дограмата. Директорите информираат дека во меѓувреме поднеле програми до ЛС за  промена на дограмата и се чека  одобрување на средства.

Со оценка три во 2014 биле оценети  основните училишта „Братство Единство“ и „Кочо Рацин“. Во „Братство Единство“, ресорното министерство заборавило да им постави  компјутери и интернет, а препораките  се однесувале  и на промена на азбестните кровови и  хортикултурно уредување на дворовите во двете училишта. Изградба на фискултурна сала во „Кочо Рацин“, а во „Братство Единство“ подобрување на условите во фискултурните сали и хигиената, како и санирање на влагата со дренажа околу зградата.  

школоОд „Братство  Единство“  директорот  Муамер Доко информира дека во меѓувреме две одделенија се опремени со компјутери и е воведен интернет. 40 проценти е направена дренажа во централната училишна зграда кај Крст џамија. Подобрени се санитарните јазли со помош на родител и Локалната самоуправа.  
Директорката на ОУ „Кочо Рацин“, Соња Милеска,  информира дека азбестниот кров е променет, а се решаваат  имотно-правните  односи за да се изгради фискултурна сала.

ОУ „Григор Прличев“ пред три години ја добило оценката доволен. Оценката два ја добиле за два сегменти. Со двојка се оценети  раководните органи и климата за работни односи.

Оценките добиени  од интегралната евалуација  за охридските училишта ги потврдуваат и од одделението за образование при Локалната самоуправа.  

Новите оценки некои училишта ги очекуваат веќе на почетокот од 2016 година.