Skip to main content

Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина

Дворот на едно училиште е неговото лице. Тој треба да биде пријатно катче за сите, вели директорот на ОУ Христо Узунов. Затоа вработените во училиштето заедно со родителите ќе инвестираат труд и пари, дворот да стане цветна градина.

 |  Јаковлева Лионела  | 
dvor
двор

Дворот на училиштето Христо Узунов ќе стане цветна градина. Родителите со сопствени средства и работна сила ќе засадат 3000 цвеќиња донесени од приватни расади.

Сега временските услови не се погодни за садење, но ќе ја изораме и фрезираме дворната површина со што ќе ја подготвиме за пролетното садење, вели Душко Цветкоски еден од иницијаторите на оваа акција.

На ова место 25 години ништо не било направено.училиште
ВД директорот на ова основно училиште, Тони Симоновски вели дека се радува на оваа иницијатива и на соработката со родителите.

Дворот на едно училиште всушност е неговото лице и  максимално ќе вложиме да го направиме пријатно катче и за учениците и за родителите, но и за вработените во училиштето, кажува ВД директорот.

Симоновски објаснува дека во текот на летниот период се исчистил овој дел од училишниот двор од стрништата кои биле израснати, а биле исечени и гранките од старите борови кои преставувале потенцијална опасност за минувачите особено во зимскиот период кога биле натежнати од снег.
Инаку, на дворот во училиштето Христо Узунов се интервенираше и во 2009 год кога комплетно беше поплочен со бекатон плочки во површина од 1.500 метри квадратни. За новиот, убав изглед на дворот на едно од училиштата со најмногу ученици во општината тогаш беа издвоени околу еден милион денари буџетски средства. Бидејќи општинските училишта не располагаат со сопствен буџет за уредување на дворовите останува директорите да ја употребат својата умешност и да издејствуваат средства од Локалната самоуправа, но и од спонзори.

{loadposition content9}