Skip to main content

ДЗС: Подолговечни, побројни, но забораваат на себе

Државниот завод за статистика, во пресрет на меѓународниот ден на жената, ги почести припадничките на понежниот пол со интересни податоци.

 |   | 

Државниот завод за статистика, во пресрет на меѓународниот ден на жената, ги почести припадничките на понежниот пол со интересни податоци. Имено, лани во земјава било увезено свежо цвеќе во вредност од речиси еден милион евра. Половина од овие пари б

Од сите активности кои жените ги имаат дома, 16 проценти отпаѓаат само на чистење – државниот завод за статистика, во пресрет на меѓународниот ден на жената, ги почести припадничките на понежниот пол со интересни податоци. Имено, лани во земјава било увезено свежо цвеќе во вредност од речиси еден милион евра. Половина од овие пари биле потрошени за свежи рози, кои биле увезени од Еквадор, Холандија или од Колумбија. Друг податок кој го издвои статистика е дека од целата популација во земјава 49,9 отсто се жени. Тие најчесто се одлучуваат да родат по едно или две деца, а во споредба со мажите живеат 3,9 години повеќе или во просек 77,4 години. Она со што можат да се пофалат е дека во вкупниот број на дипломирани студенти и на магистри учествуваат со далеку поголем процент од мажите.

Овие податоци, според експертите покажуваат дека жената во исто време мора да биде мајка, сопруга, колешка, треба да знае да ги одгледа своите деца, да биде личност која умее да сослуша и да биде тука за другите. Во овој процес, според психолозите, жената многу пати заборава на себе.   

Охрабрува фактот, како што вели Стојановска што во последно време се менува сфаќањето на мажите во однос на нивната улога во домот и се напушта феноменот на балкански мачо мен. Тие се почесто готват или управуваат со правосмукалката. Бидејќи за разлика од порано, сега во домашниот буџет придонесува и жената. Според статистика над 95 отсто од вкупно 282 илјади вработени жени, работат на цело работно време.

И покрај многуте обврски, жените наоѓаат и време за себе – вработените 15 проценти од денот го користат на слободни активности, а невработените жени – 21 процент. Дневно гледаат телевизија околу 1 час и 50 минути.
Според статистика во Македонија најчесто женско име е Марија.