Skip to main content

Централна и источна европа

Единаесетти состанок на Викимедија

На настанот ќе се води дискусија на повеќе теми кои се поврзани со потребите на заедниците од државите на Централна и Источна Европа.
 |  инфодеск  | 
Состанок на Викимедија

Од денеска до 16-ти октомври во Охрид се одржува единаесеттиот состанок на Викимедија за Централна и Источна Европа. Оваа средба се организира во живо после пауза од две години поради Ковид пандемијата.

Википедијанците во Охрид

На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Дозволете да го изразам моето задоволство што Охрид е домаќин на престижен настан  посветен на важноста на Википедија еден од петте најпосетувани сајтови во Светот. Живееме во хипер поврзан Свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени и неизвесности. Сведоци сме на невиден технолошки напредок, но и преиспитувања и парадокси. Социјалните мрежи постојано се продлабочуваат и мултиплицираат. Покрај физичките се понагласена улога имаат оптичките коридори и информатичките крстосници – истакна градоначалникот Пецаков.

Состанок на Викимедија

Претседавачот Кирил Симеоновски ја потенцираше важноста од одржувањето на овој настан и развивањето на квалитетна дискусија поврзана со темите и посака успех на учесниците во работата.

Предвидено е согласно агендата на настанот да се води дискусија на повеќе теми кои се поврзани со потребите на заедниците од државите на Централна и Источна Европа.