Skip to main content

Екологија

Една депонија, за два плански региони

Комуналниот отпад од Југозападниот и Пелагонскиот регион ќе се третира во регионална санитарна депонија во Новаци.
 |  Голабовски Крсте  | 
Депонија

Проблемот со комуналниот отпад ќе се решава меѓурегионално и за Југозападниот плански регион и за Пелагонискиот. Ќе се гради една депонија , на локација во Новаци. Финансиските средства за воспоставување на овој систем за управување со отпадот се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој .

„Постои огромен предизвик со со дистирбуцијата на отпадот тука. ЕУ смета дека ќе мора да поминете еден долг процес на реформи кои се однесуваат на животната средина, кои ќе се однесуваат не само на справувањето со цврстиот отпад, туку и со отпадните води. „Ние ги обезбедуваме финансиите, поддршката до мерка до каде можеме, и многу треба да се направи за да се види што треба да се спроведе со цел да се заштити не само животната средина туку и здравјето на луѓето“ – рече Дејвид Гир – амбасадор на Европската унија.

Секоја од вкупно 18-те општини ќе го собира отпадот на својата територија со помош на јавните комунални претпријатија и за таа цел ќе се зголемуваат капацитетите на јавните претпријатија кои ќе добијат нови контејнери и камиони. Предвидено е отпадот да се селектира, а приходите од продажбата да ги користат јавните комунални претпријатија.

„За двата региони ќе има една постројка, која треба да биде изградена во Новаци. Во другите општини ќе се градат претоварни станици. Во Општина Дебрца нема да се гради претоварна станица. Се планира во Охрид да се гради претоварна станица која ќе се гради и за Дебрца и за Општина Охрид“ – информира Зоран Ногачески, градоначалник на Дебрца.

Трошоците за изградба на регионалната санитарна депонија во Новаци и за набавка на потребната опрема за санитарно депонирање на отпадот се во вредност од околу 22 милиони евра, од кои најголемиот дел ќе се употребат за депонијата, велат од Министерството за животна средина. Станува збор за средства кои се обезбедени дел од фондовите, а дел од грантови и според првиот човек на Општина Дебрца, градоначалникот Зоран Ногачески овој процес не смее повеќе да се одлага.

„Апсолутно дека се доцни, но никогашш не е доцна да се реши проблемот крајно. Се надевам дека овој пат сме на правиот пат, дека во 2023/2025 година ќе за врши реализацијата на проектот за изградба на депоијата во Новаци“ -информира Зоран Ногачески, градоначалник на Дебрца.

Во оваа депонија според сите планови би се збирал сметот од сите 18 општини и би се третирал според европски стандарди. .Со овој регионален систем за управување ќе бидат опфатени општините Охрид, Дебар, Струга, Кичево, Прилеп и Битола.Во Пелагонискиот и југозападниот регион има нерегулирани диви депонии со голем ризик врз животната средина, па планот предвидува нивно затворање. Новата регионална депонија ќе биде со капацитет од приближно 37.522 тони смет на годишно ниво. Предвидено е отпадот да се селектира, а приходите од продажбата да ги користат јавните комунални претпријатија.