За една година асфалтирани повеќе од 30.000 м2 улици во Охрид
За период од една година и три месеци, асфалтирани се вкупно 30.400 метри квадратни улици во општина Охрид.
За период од една година и три месеци, асфалтирани се вкупно 30.400 метри квадратни улици во општина Охрид. И тоа:
Асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1.800 м2.
Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше :
-Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2,
-улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,
– целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2,
-целосно ревитализирана и асфалтирана е улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на оваа улица се изврши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 319 метри, се постави и атмосферска канализација во должина од 230 метри.
– Улицата “Ристо Чадо“ е проширена во должина од 200 метри.
Извршено е асфалтирање на тесни улици и прекопи во населба “Гоце Делчев”, ул. “Македонска Ударна Бригада”, крак на улица “Момчило Јорданоски”, улица “Богомилска”, улица “Караорман” пред градинката “Јасли“ , улица “Галичица“,улица “Ванчо Питошески“ , село Велгошти, улица “8-ми Март“, улица “Прилепска“, улица “28-ми Април“, село Велгошти пред училиште, село Завој и пат Горно Лакочереј- Долно Лакочереј – Орман. Асфалтирани се улички во Пештани.
-патот Вапила –Сирула, реконструкција 1 700 м2 и изработка на нов пат во должина од 2 700 м2.
-асфалтирани се 8 улички во село Косел во вкупна должина од 1 000м2 и површина од 3 000 метри.
Инаку во тек е пополнувањето на ударните дупки низ градските улици. Акцијата веќе се реализира во централните , а поради стартот на летната туристичка сезона истата периодов продолжува на периферните улици. Со проектот е предвидено асфалтен материјал да се стави на површина од околу 1 500 квадрати.
{loadposition content9}