Skip to main content

Трагедија

Едно лице загина во сообраќајка во близина на Ботун

62-годишен жител на Ботун загина во сообраќајна несреќа која се случи помеѓу селата Климештани и Ботун, информираат од СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
полициска лента

На 05.06.2022 околу 02:30 часот, во СВР Охрид пријавено е дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Климештани и Ботун, општина Дебрца, случена е сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Бмв” со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(21) од Струга и патничко возило „Ауди” со охридски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(62) од селото Ботун.

Од здобиените повреди на местото починал Ѓ.Д., а М.М. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид на местото на настанот извршиле екипа на СВР Охрид и Јавен обвинител, по чија наредба врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција – се вели во соопштението на СВР Охрид.