Едно малку поинакво одбележување на „8-ми март“
Меѓународниот празник на жената 8-ми март, Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат на малку поинаков начин – интелектуален. Наместо да прославуваат по ресторани, тие ќе дебатираат.

Темата со која Интернационалниот клуб Сороптимист од Струга и Струшките вечери на поезијата ќе го одбележат интернационалниот празник 8-ми март е „Жената, книжевник“.
На дебатата учество ќе земат Еди Ќела, асистент на Европски колеџ, Никола Кукунеш професор во колеџот Јахја Кемал и Мерсиха Исмајлоска, асистент на Универзитетот Св.апостол Павле.
Тие ќе дебатираат на следниве теми:
– репресијата на жената книжевник
– поттикнување на жената книжевник
– присутност на жената книжевник во школската лектира
– компарација на жените добитници на награди со мажите книжевници добитници на награди и
– жената книжевник и женското писмо.
Модератор на настанот е Мите Стефоски актуелен директор на Струшките вечери на поезијата.
Дебатата ќе се одржи на 5-ти март, со почеток во 18ч., во спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга (наспроти галеријата на Вангел Коџоман).
{loadposition content9}