Skip to main content

Едно охридско семејство пријавено да згрижи деца без родителска грижа

Едно охридско семејство пријавено за да згрижи деца без родителска грижа. Засега има само неколку семејства кои згрижиле девет дечиња на различна возраст. Во тек е владина кампања која ги мотивира граѓаните да згрижат деца  кои се лишени од  топлината на семејниот дом.   

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид, полека заживува деинституционализацијата на децата без родителска грижа од државните домови да бидат сместувани во згрижувачки семејства. Од први јуни, годинава,тече кампања на министерството за труд и социјална политика која ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца кои се лишени од топлината на семејниот дом. Неим Сулејман, в.д. директор на охридскиот центар за труд и социјална политика, информира каков е досегашниот ефект од оваа кампања во Охрид.

„Од почетокот на кампањата има само едно заинтересирано лице, жена, како потенцијален згрижувач на дете без родителска грижа.Се надеваме дека во текот на кампањата ќе има повеќе заинтересирани лица“, напоменува Сулејмани.

По 15 години од промовирањето на оваа форма за згрижување на деца без родителска грижа во семејства интерсот е различен од град во град. Во моментов во Охрид има 3 згрижувачки семејства кои се грижат за 9 деца. Шест деца од Охрид кои останале без родителска грижа се сместени во згрижувачки семејства во Прилеп и Кривогоштани, кажуваат охридските социјални работници. Стручните тимови на центрите за социјални работи даваат совети за потенцијалните згрижувачи да разрешат некои дилеми, вели Горан Поп Марков.

„ Интересот во РМ е различен. Има градови со голем број на згрижувачки семејства и градови во кои нема згрижувачки семсјтва. Затоа кампањата постои да ги анимира и поттикне сите граѓани да се приклучат да има што повеќе згрижувачки семејства. Сите деца без родителска грижа сместени во институциите да бидатприфатени во згрижувачки семејства“, вели Поп Марков.


Во Охрид, в петок ќе биде промовирана кампањата за згрижување на деца без родителска грижа во семејства на која обраќање ќе имаат ресорниот министер Мила Цароска, претставник од УНИЦЕФ, од охридскиот центар за социјални работи и охридскиот градоначалник.