Skip to main content

ТППЕ Охрид

Едно починато лице и две повредени во пожар на куќа во Требеништа

Повредените лица се со изгореници по телото од помал степен., велат од ТППЕ Охрид.
 |  инфодеск  | 

Територијалната противпожарна единица при Општина Охрид во раните утрински часови интервенираше на опожарен индивидуален објект во распламтена фаза , во село Требеништа – Општина Дебарца.

При самата интервенција извлечени се две лица со изгореници и повреди по телото од помал степен. Во истиот објект пронајдено е уште едно починато лице. “ – информираа од ТППЕ Охрид.

Повеќе информации се очекуваат од СВР Охрид.