Skip to main content

ООУ “Кочо Рацин”- Охрид

Едукативна работилница за безбедност во сообраќајот во ООУ “Кочо Рацин”- Охрид

Денес во ООУ “Кочо Рацин”- Охрид се одржа работилница и сообраќајна вежба посветена на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот.
 |  инфодеск  | 

Денеска ООУ “Кочо Рацин”- Охрид се одржа исклучително важна работилница и сообраќајна вежба посветена на безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот. Од школото информираат дека на настанот присуствуваа ученици од второ, трето и четврто одделение, кои активно учествуваа и научија како безбедно да се движат по улиците.

Работилницата беше организирана од Општинскиот совет за превенција на детско престапништво, Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид и СВР-Охрид.

Васко Сајкоски од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици, д-р Билјана Богданова-Смилевска – Претседател на Општински совет за превенција на детско престапништво, Гоце Пуроски – раководител на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и Мики Милосовски од СВР-Охрид им предаваа на децата, кои на достапен и интересен начин ги едуцираа за сообраќајните правила и значењето на внимателност.

Ваквите настани се од клучно значење за подигнување на свеста кај најмладите и за создавање побезбедна сообраќајна култура. Благодарност до сите инволвирани за успешната реализација!, велат од ООУ “Кочо Рацин”- Охрид.