Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид во рамки на проектот „Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид“ ги спроведе предвидените едукативни посети на културното наследство во Стар Град и Музејот на вода.
Едукативните посети беа наменети за ученици од шест основни училишта од Охрид- ОУ „Ванчо Николески” – с. Лескоец, ОУ „Св. Климент Охридски”- Охрид, ОУ „Братство Единство”- Охрид, ОУ „Кочо Рацин”- Охрид, ОУ „Григор Прличев“ – Охрид, ОУ„Христо Узунов“ – Охрид. Учениците имаа можност да ги посетат црквата „Света Богородица“ Перивлепта, Галеријата на икони, Античкиот театар, Самоиловата тврдина, локалитетот Плаошник, Куќата на Робевци и Музејот на вода-Залив на коските. Целта на овие едукативни посети беше младите да се запознаат одблиску и подетално со богатото културно наследство на Охрид.
Проектот “Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид” на Здружението за заштита и одржлив развој на животната средина „Регионален зелен центар“ Охрид, се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот “Дигитализација и промоција на културното наследство во Охрид” е кофинансиран од Општина Охрид.