Минатата сабота, во просториите на Младински Центар Охрид, се одржа инспиративен и едукативен настан посветен на подигање на јавната свест за епилепсијата – состојба која и денес често е опкружена со предрасуди и недоволно разбирање.
Предавањето го одржа проф. д-р Филип Дума, а настанот беше модериран од Александра Сабрас Апостолова кои заедно поттикнаа динамична и отворена дискусија меѓу учесниците.
-Благодарност до сите млади кои беа дел од настанот и покажаа дека знаењето и разбирањето прават разлика, велат од Младински Центар Охрид.