Skip to main content

Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид

Екипите на ЈП Охридски Комуналец подготвени за интервенција во зимски услови

Од  Ј.П.„Охридски Комуналец” апелираат до граѓаните да се дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици за во случај на потреба да може непречено да се интервенира со специјалните возила за чистење на снег.
 |  Маја Савиќ  | 

Екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид ги завршија неопходните подготовки за интервенција во зимски услови согласно законските обврски околу одржувањето на јавните површини во зимски услови и „Програмата за зимско одржување на територијата на општина Охрид” .

Од УХМР за викендов најавуваат заначителна промена на времето со врнежи од снег, ветар и значителен пад на температурите.

Од  Ј.П.„Охридски Комуналец” апелираат до граѓаните да се дислоцираат паркираните возила од главните сообраќајници и тесни улици за во случај на потреба да може непречено да се интервенира со специјалните возила за чистење на снег.

Доколку наложат потребите, ќе се ангажира целокупниот оперативен тим и целокупната механизација со која располагаме, велат од јавното претпријатие посочувајќи дека согласно Програмата за зимско одржување приоритет им се дава на улиците од повисока категорија каде пристапот е отежнат.

Поради специфичноста на теренот, тесни и стрмни улици и сокачиња, стариот дел од градот е во приоритетната група за интервенција во зимски услови. Таму изминативе неколку дена се депонираа  абразивни средства.

Со депонирање вреќи со сол и ризла на повеќе пунктови во Стар Град ќе се обезбедат услови за брза интервенција во услови на снег и голомразица за да се овозможи непречено движење на граѓаните и возилата во стариот дел од градот.- велат од претпријатието